Време: Утре променливо, со повремен дожд и со максимални до +11 – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/21 10:00 PM

Време: Утре променливо, со повремен дожд и со максимални до +11

Променливо облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер во северните делови и слаб јужен во јужните делови од земјата. Утринските температури од -2 до 5, а дневните од 3 до 11 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за утре.

И в среда ќе преовладува променливо облачно време и особено на северозападот со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Преку ноќта кон среда и в среда во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места. Од овој влажен бран врнежите ќе бидат пообилни на западот (над 25 л/24ч) особено во ноќта кон среда и во среда претпладне кога во републиката ќе започне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час). Потоа следува период на стабилно и се’ потопло време.