Тим полн со ѕвезди за парирање на шампионот: Блејк Грифин потпиша за Бруклин Нетс – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/21 9:00 PM

Тим полн со ѕвезди за парирање на шампионот: Блејк Грифин потпиша за Бруклин Нетс

Крилото на Детроит Пистонс, своевремено дел од една возбудлива генерација на Клиперси, Блејк Грифин, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на еден од главните фаворити за освојување на прстенот, Бруклин Нетс.

Триесет и едногодишниот Грифин го раскина договорот со тимот од Мичиген каде што настапуваше од 2018 година и како слободен играч пристигна кај Дурант, Ирвинг и Харден.

Сезонава Грифин за Пистонси забележа коректни бројки од 12.3 поени во просеч по меч, 5.2 скокови и 3.9 асистенции, а просекот во досегашната кариера му е 21.4 поени на меч, 8.7 скокови и 4.4. асистенции.

Покрај веќе етаблираната ѕвездена тројка, Грифин ќе се соедини со партнерот од Клиперси, ДеАндре Џордан.

Според Шем Шаранија, Блејк ќе го носи бројот два на грбот и ќе заработи 1.2 милиони олари до крајот на сезоната. Идејата на тренерот на Бруклин е да се искористи Грифин во „смолбол“ петрока во зависност од опонентот.

 

 

 

Фото:

cbssports.com