Барселона има старо-нов претседател, Лапорта победник на изборите – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/21 8:15 PM

Барселона има старо-нов претседател, Лапорта победник на изборите

Поранешниот претседател на еден од најголемите шпански клубови, Жоан Лапорта, повторно се враќа на функцијата во Барселона, овојпат во спасувачка мисија.

На изборите во неделата Лапорта со 55 отсто од гласовите ја освојува победа и се враќа на местото каде што беше од 2003 до 2010 година, за многумина фанови на Каталонците и едне од најдобрите и најплодните периоди на Барселона во нејзината историја.

Барселона во неговото владеење дури четири пати беше првак на Шпанија и двапати се искачи на европскиот трон.

За разлика од претходно, сега Лапорта ќе мора „да изгаси неколку огнови“. Ситуацијата со Меси ескалираше минатото лето и извесно е дека Аргентинецот конечно ќе ја напушти Барселона, но со доаѓањето на Лапорта статусот напаѓачот може и да се промени.

Засилувањата за следната кампања, тренерското прашање и консолидација на финансиските сметки во клубот, но и враќањето на вербата на фановите и поставени јасни амбиции за следните 10 години, ќе претставуваат сериозен предизвик за старо-новото лице во фотелјата во Блауграна.

 

 

Фото:

barcablaugranes.com