Жител на Сисак, Хрватска, доброволно предаде неверојатно количество оружје со кое може да се вооружи цел армиски вод. Арсеналот го предал во рамките на полициската кампања „Помалку оружје, помалку трагедии“, пренесуваат хрватските медиуми.
Еве дел од долгиот список на оружје што го предал: 33 килограми експлозив, девет золји, 20 рачни бомби, десет тромблонски мини, 103 топовски гранати, 204 детонаторски каписли, две автоматски пушки, три митралези, две „паповки“, две снајперски пушки, два воени карабина, еден ловечки карабин, еден пушкомитралез, една малокалибарска пушка, една воена пушка, 5.430 куршуми…