Држава што не постапува е држава што силува – Со сирени и транспаренти помина Осмомартовскиот Марш – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/21 7:18 PM

Држава што не постапува е држава што силува – Со сирени и транспаренти помина Осмомартовскиот Марш

„Непостапувањето е соучество“, „Отпор“, „Насилство“ , „Мора да се казни“ , „Не глумете жртви“, „Не биди деген“ се дел од пораките кои граѓаните  денеска ги испраќаат од денешниот Осмомартовски  Марш кој започна пред Министерството за внатрешни работи , а заврши пред паркот на „Жена борец“.

По повод Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, четврта година по ред организираат „Марш за правата на жените“. Поттикнати од случајот „Јавна Соба“ овогодинешниот Марш за женски права, гласно и недвосмислено го посветуваат на жртвите на родово базирано насилство. Активистката Марија Савовска во говорот пред МВР побара и кривична одговорност за лицата кои во групата на Телеграм „Јавна соба“ објавуваа експлицитни фотографии и видеа од девојки од Македонија, како и нивни податоци и телефонски броеви. Според неа, кривична одговорност треба да има за сите, а не само за тие што објавувале податоци од малолетни девојчиња.

– Од името на понижените, малтретираните, застрашуваните, прогонуваните, тепаните, убиените жени и девојки. Денес ја изрекуваме следнава пресуда виновни се за соучество за злосторство сите кои имаат моќ одговорност и ресурси да обезбедат достоинство, правда безбедност и заштита на личната сигурност и животот на жените и девојките, а не го прават тоа. Сите кои се овластени да ги откриваат спречат, гонат и да ги затвараат, насилниците, а не го прават тоа. Сите кои се овластени, должни и платени да обезбедат услуги и поддршка на жртвите да превземат контрола врз сопствените животи а не го прават тоа. Сите што и помогнале в опстојување на криминалот и предизвикале штета свесно или несесно со сторување и несторување не смееле да го направат тоа.

На виновниците им се изрекуваат следниве забрани. Забарана за неработење, игорирање, нечовечки однос, и обвинување на жртвите. Забрана и оправдување на криминалот и насилниците, забрана за прикривање на криминалот и насилниците, забрана за оправдување на сопственото неработење и префрлање на одговорноста на други, забана за постапување на лични ставови и предрасуди и уверувања на штета на жртвите. Виновниците се задолжуваат, да си ги оправдаат позициите, и да си ја сработат платата. Да обезбедат поврзани иснтитуации јасни правила и професионалци на кои ќе им поверуваме дека ќе му стават крај на насилството врз жените и родовото насилство. Во превод, контрола и затвор за насилниците, навремени калитетни услуги и поддршка за жените и девојките кои се жртви на насилство. Посебно се задолжуваат МВР и јавното обвинителство, неодложно да постапат со сите конкретни барања кои се испорачани и добро познати. Кривичен прогон за стрителите од случајот Јавна соба и за полнолетните жртви, кривични пријави и обвинителни акти против сторителите од Јавна соба за делата злоуотреа на лични податоци во посоредување во вршење на проституција, загрзување на безбедноста или ширење на расистички, сценофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Доследно, квалитетно и навремено спроведување на пред истражни и истражни постапки за насилството врз жени и девојки. Прочистување на полицијата од полциски службеници и сторители на ансилство врз жени, Внатрешна политика за ефикасно функционирање на сите полииски службеници кои ги повредиле правата на жртвите преку некое професионално постапување, изјави активистката Марија Савовска денеска на Осмомартовскиот марш.

Весна Петровска

Фото: Вангел Тануровски