Украинската армија денеска гранатираше предградија на Доњецк, изјави претставникот на самопрогласената Народна Република Донецк во заедничкиот центар за контрола и координација на режимот на прекин на огнот.
Тој потенцираше дека, според прелиминарните податоци, во нападот се оштенени шест куќи и далновод, но никој не е повреден, а и сите жители имаат струја, јавуваат агенциите.
Прд седум години украинските власти почнаа воена операција против Доњецката и Луганската народна република, кои прогласија независност по пучот во Украина во февруари 2014 година. Киев не ги признава ДНР и ЛНР и смета дека териториите на овие две републики се окупирани, а востаничките сили дека се терористички.