Тешка сообраќајка кај селото Зајас – Повредени четири лица – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/21 2:20 PM

Тешка сообраќајка кај селото Зајас – Повредени четири лица

Повредени четири лица, од кои едно потешко, е билансот на сообраќајната незгода што се случила ноќеска нешто пред полноќ во близина на село Зајас, на место викано Теќе, кога патничкото возило со кичевски регистарски ознаки управувано од Б. Ј. од село Зајас, излетало од патот.

-Во сообраќајната незгода што ноќеска се случила кај село Зајас, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А. Ф. (35), додека со повреди се здобиле возачот и две малолетни лица од возилото. Увидна екипа од ОВР Кичево излегла на самото место, а причините за несреќата и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

 

МИА