(ВИДЕО) На минус 15 и мраз, само во костим ја одигра „Лебедово езеро“: Руска балерина остава без здив – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/21 1:36 PM

(ВИДЕО) На минус 15 и мраз, само во костим ја одигра „Лебедово езеро“: Руска балерина остава без здив

Руска балерина од светски познатиот театар „Марински“ во Санкт Петербург на мраз и температури од минус 15 степени Целзиусови во костим одиграла дел од „Лебедово езеро“ на Чајковски.

Балерината Илмира Баграутинова играла на замрзнатиот Фински залив, пишува Би-Би-Си и наведува дека тоа е нејзин начин да го изрази противењето за изградба на пристаниште во заливот Батареанаја, популарна плажа која се наоѓа околу 100 километри западно од Санкт Петербург.

Баграутинова рекла дека се надева со својата изведба на „Лебедово езеро“ ќе ги спаси лебедите кои се гнездат во заливот.

Извор: Србијаданас.рс