Светлана Цеца Ражнатовиќ на музичката сцена се појавила уште како малолетно девојче со песната „Цветак зановетак“. После првата песна следеле многубројни хитови кои добија и скапи спотови, а пејачката се трудела во секоја наредна да изгледа се подобро.
Таа во време на својата кариера и врска, а подоцна и брак со Жељко Ражнатовиќ Аркан доста работела на физичкиот изглед, па беше очигледно дека ги „средила“ градите, устата, забите, но и доста експериментирала со косата, па малкумина можат да се сетат како таа всушност изгледаше без силикони.
Два пати ги смалуваше градите, еднаш поради здравствени причини, а другиот поради изглед. Пред неколку години нејзините силиконски импланти ги средил познат бразилски доктор, за кое тогаш таа јавно зборуваше.
Извор: Мондо.рс
Фото: Курир ТВ