(ВИДЕО) „Молитва“ песната на Шерифовиќ отпеана од Корејци на српски со симпатичен корејски нагласок – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/21 7:51 PM

(ВИДЕО) „Молитва“ песната на Шерифовиќ отпеана од Корејци на српски со симпатичен корејски нагласок

Евровизиската песна „Молитва“ отпаена од Марија Шерифовиќ со која Србија ја претстави на Евровизија во 2007 година со која всушност и победи и ја донесе Евровизисата магија на Балканот, се уште е хит евровизиска песна , тоа го докажуваат и момчињата од Кореја.

Четири симпатични момчиња кои на емисијата „Phantom Singer“ која се емитува на музичката телевизиска програма на ЈТБЦ ја изведоа песната на Шерифовиќ на српски јазик за кој одлично се потрудиле да го научат со влијание на нивниот мајчин корејски јазик.

Видеото од шоуто, на Твитер го сподели и пејачката Марија Шерфифовиќ која се воодушеви на изведбата и на социјалната мрежа Инстаграм, меѓутоа од социјалната мрежа видеото беше избришано па таа напиша едно кратко објаснување.

Во продолжение слушнете како изгледа „Молитва“ со корејски нагласок.