Музичарот Александар Сања Илиќ почина како последица на Ковид-19 на 70-годишна возраст.
Илиќ е роден во Белград на 27 март 1951 година и покрај тоа што бил успешен композитор, по образование бил и архитект.
Како млад настапувал во групата „Враголани“, а потоа и во групата „Сан“.
Неговата песна „Здраво, здраво“ изведена од групата „Аске“ ја претставуваше Југославија на Евровизија 1982 година.
Две години подоцна, Дадо Топиќ и Слаѓана Милошевиќ со голем успех ја снимија неговата композиција „Принцеза“, која стана и остана хит.
Ја основа групата „Балканика“ во 1998 година, со која го организира првиот концерт во јуни 2000 година.
Настапуваше со „Балканика“ на концерти ширум светот, со кои ја претставуваше Србија на Евровизија 2018.
Преземено од: https://rs.n1info.com/
Фотографија: Nova.rs/Zoran Lončarević