Баздникин: Вакцината „Спутник В“ е апсолутно безбедна и ефикасна и сега со право станува „бест селер“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/21 3:25 PM

Баздникин: Вакцината „Спутник В“ е апсолутно безбедна и ефикасна и сега со право станува „бест селер“

Амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин на денешното примопредавање на првата пратка од 3.000 дози на руската вакцина „Спутник В“ истакна дека со големо задоволство е прустен на примеот, кој е убеден дека ќе биде од голема важност за спасување на човечки животи и како што рече враќање на македоснката економската во траекторијата на растот.


„Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на македонските граѓани кои уживаме во вековните традиции на пријателство и споделуваме заеднички вредности.  Имаме конструктивна соработка со Владата на РСМ и сме подготвени да се прошируваме во други области, на основа на еднаквост и заедно почитување на интересите“, рече Баздникин.

Познато е дека „Спутник В“ е првата регистрирана вакцина против Ковид 19 во светот базирана на платформа на човечкиот аденовирусен вектор, рече рускиот амбасадор.

„Вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и сега со право станува светски бестселер. Со Северна Макеоднија, вакцината е регистрирана во 406 земји во светот вклучувајќи и неколку држави во ЕУ. Сега е во забрзана постапка во Агенција за лекови за да ја испитува делотворноста врз основа на резултати од досегашните лабораториски испитувања и истражувања. Во СЗО се разгледува барањето за „Спутник В“ да се вклучи  во листата на лекови одобрени од СЗО и да се користат во вонредни ситуации“, рече рускиот амбасадор.

На граѓаните им посака добро здравје, а на храбрите лекарите и медицинскиот персонал  вклучени во пандемијата брза победа на пандемијата, со што верува дека руската вакцина ќе биде вредно оружје.

Г.Д