Од опозициската ВМРО ДПМНЕ велат дека нема да учествуваат во криминалната изградба на Клинички центар.
„Она што го нуди Филипче на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а е поврзано со Клиничкиот центар е тие да дадат амин на најкорумпираната влада во Европа да располага со над пола милијарда евра за криминална изградба на Клинички центар. Или фигуративно кажано да се согласат пратениците два гладни волка да влезат во стадо јагниња и сето тоа немо да го посматраат“, стои во партиското соопштение.
Тие потенцираат дека нема да учествуваат во криминал и грабеж.
„Бидејќи СДСМ се фали дека има стабилно мнозинство можат да го поминат законот но да знаат дека ќе одговараат за секое украдено евро потоа. Несериозно е со закон од неколку листа да им се даде за право да украдат над пола милијарда евра. Фактот дека не започнаа со градба на готов проект и пари кои им ги остави ВМРО-ДПМНЕ при смена на власта, најдобро говори дека сега бараат личен криминален интерес од градба на друг проект. Ниту Клинички ќе има, ниту подобри здравствени услови“, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.