Кирил Марковски шампионот во „цикло крос“: Млад ентузијаст посветен на велосипедизмот, како негова професија и хоби – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/21 12:53 PM

Кирил Марковски шампионот во „цикло крос“: Млад ентузијаст посветен на велосипедизмот, како негова професија и хоби

Велосипедизмот како рекреативен спорт сведоци сме дека се практикува. Посебно во периодот на пандемија кога и статистиките покажуваат дека зголемена е продажбата на велосипеди во главниот град, а со тоа и вело културата станува дел од модерното живеење.

Но, да се занимаваш со професионален велосипедизам е сосема нешто друго, нешто за што треба да вложиш многу труд, тренинг, но пред се да имаш желба и љубов да се занимаваш со овој спорт.

Македонија неодамна го доби новиот шампион во цикло крос, станува збор за дваесет и две годишниот велосипедист Кирил Марковски. Ова момче зад себе има извозено илјадници километри со што неговото портфолио е богато со успеси.

Уште во 2015 гододина Кирил, започнува рекративно да се занимава со возење на планиниски велосипедизам (MTB) каде што веднаш се зачленува во клубот „E.B.T.S“ и за само една година, односно во 2016 година, на свои 18 години стана државен првак (јуниори во MTB) и шесто место на балканско првенство. Веќе следната година 2017- та, Кирил се пробува во нова категорија т.е друмскиот велоспипедизам (road biking). Ова станува неговата втора пасија, така што станува челн во клубот „Вело М“ и започнува со учество на многу трки, а вооедно и креирање на сопствени предизвици со цел возење на многу долги релации во еден здив. Една најпозната од нив е извозување на 600 км. за 24 часа.


Во интервју за ММС, шампионот во цикло крос, Кирил Марковски открива по  една година професионален велозипедизам  ја освојува титулата државен шампион во планински велозипедизам во категоријата Јуниори.

„Моите почетоци воопшто со велосипед се уште од 11 години, додека посериозно со рекреативен велосипедизам започнаа во 2015 година, што значи на моја 17-годишна возраст, и истата година веднаш преминав во професионалните води на велосипедизмот. Овде морам несебично да истакнам дека ми требаше само една година за да ја освојам титулата државен шампион во планински велосипедизам во категорија Јуниори во 2016 година“, вели Марковски.

Кирил раскажува дека како второ дете во семејството, за да му купат неговите родители велосипед требало да почека , бидејќи неговиот брат имал предност.


„Не паметам точно. Реално, како деца, мојот брат прв доби велосипед, а јас морав да „чекам ред“ за да го позајмам неговиот велосипед и да повозам круг-два. Подоцна мојот официјален прв велосипед беше full suspension велосипед, бренд Sobim и тоа беше најверојатно некаде во далечната 2009 година“, раскажува Кирил.

За себе ќе каже дека е млад ентузијаст кој е посветен на велосипедизмот, како негова професија и хоби. Но знае во добро друштво да ужива и во гледање фудбал. Целата приказна за љубовта кон велосипедизмот започнува од „Тур Де Франс“.

„Се вратив од тренинг, пуштив телевизор, се емитуваше велосипедска трка, чинам дека беше „Тур де Франс“, се сеќавам победи Марк Кевендиш и во тој момент си реков од утре влегувам во клуб и почнувам да се тркам“, вели Кирил.


Од „Тур Де Франс“ на телевизија до успеси каде се споменува името на Кирил Марковски.

„Почетокот е 2015 на Водно-Чистилиште. Тоа беше мојата прва трка. На истата освоив 4 -то место, а потоа неа следеа ред други трки и освоени околу 25 медали, од кои 11 златни и 14 останати подиумски пласмани. Исто така она што би можел да истакнам е тоа што титулата државен првак ми донесе учество на Балканско првенство во планински велосипедизам кое се одржуваше во Црна Гора 2016 година, и на истото освоив 6 -то место од вкупно 30 -тина учесници. Потоа тоа следеа учества на меѓународни трки во друмски велосипедизам во Кипар, Србија, Бугарија и Албанија“, раскажа Кирил.

На прашњето каде се наоѓа Македонија на мапата успеси во овој спорт, тој вели  причната што наши спортисти се далеку од успесите на интернационално ниво е причината што не се инвестира доволно во спортот и трките надвор од границите се многу ретки.


За да се занимаваш со професионален велосипедизам не е само да имаш добар велосипед и желба за тоа да го правиш. Потребно е и да имаш дволно финансиски средства за да можеш тоа да си го дозволиш за наш стандард.

„Премногу скап спорт за наши услови. Генерално се спонзорирам сам, но секако од помош е и клубот за кој возам – „Мадал Бал“. Понекогаш се јавуваат и некои спонзори, но претежно се повеќе поддршка отколку финансирање и спонзорство во вистинска смисла на зборот“, вели Кирил.

Следната километража Кирил Марковски ја насочува кон титулата – Државен шампион во планински велосипедизам, а предизвик за него претставува  – Еверестинг со велосипед.

Г.Д