Времето утре, според прогнозата на УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер. Утринските температури од -6 до 0, а дневните од 6 до 13 степени.
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен локален дожд. Пообилни врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, се очекуваат в среда.