Во Стокхолм, главниот град на Шведска, одржан е протест поради мерките преземени со цел спречување на ширењето на новиот вид на коронавирусот (Ковид-19), пренесува агенцијата Анадолија (АА).
Во Стокхолм група која се нарекува „Милениум” сакаше да ги отстрани не така ригорозните мерки воведени поради коронавирусот.
Стотици луѓе собрани на подрачјето Медбаргарепластен во Стокхолм, не осврнувајќи се на социјална дистанца, тврдеа дека се ограничени слободни луѓе.
Активистите, кои извикуваа пароли против вакцинацијата, тврдат дека владата дозволи експерименти на луѓето со непознати вакцини.
Доаѓаше и до напнатост помеѓу полицијата и демонстрантите, а приведени се 15 луѓе кои се спротивставуваа на полицијата.
Демонстрантите, кои потоа маршираа, носеа натписи кои критикуваа стопирање на продажба на алкохолните пијалаци во рестораните по 20 часот и присилно затворање на рестораните во 20:30.
Бројот на луѓето кои починаа во земјата со десет милиони жители од последиците на заразувањето со коронавирусот, се зголеми на 13.003.
Бројот на позитивни на Ковид-19 од почетокот на пандемијата достигна 684.961.