Утрово се случил инцидент на Гинекологија во клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Медицинска сестра пријавила во полиција дека лекар физички ја нападнал во амбуланта.
На 6 март во 7 часот во СВР Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра, по претходна расправија, била физички нападната од Т.М.(33) од Охрид, вработен како лекар. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ, соопштуваат од МВР.