Во Гевгелија загина градежник по пад од скеле, во Скопје хигиеничарка повредена при пад пред зграда – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/21 6:16 PM

Во Гевгелија загина градежник по пад од скеле, во Скопје хигиеничарка повредена при пад пред зграда

Вчера во Полициската станица Гевгелија, од Итна медицинска помош Гевгелија, било пријавено дека на старата автобуска станица во Гевгелија, имало починато градежен работник при вршење   градежни работи. На местото на настанот излегле увидна екипа од Полициската станица Гевгелија, јавен обвинител и трудов инспектор, при што било констатирано дека се работи за Н.Т.(45) од Богданци кој околу 13,15 часот на објектот во изградба изведувал градежни работи при што паднал од скеле, по што починал на лице место. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска медицина и криминалистика во Скопје за обдукција.

Синоќа во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“ е донесено повредено лице. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и констатирале дека станува збор за С.Ц.(38) од Скопје по чие кажување околу 12.30 часот на ул.Васил Ѓоргов пред зграда додека извршувала работни задачи како хигиеничарка паднала, по што од доктор и е констатирана тешка телесна повреда. За настанот известен е трудов инспектор, соопштуваат од МВР.