По објавувањето на текстот под наслов „Тендерот на Филипче не бил за Мијалков“, со реакција се јави бизнисменот Мите Николов, кој негира каква била врска со овој тендер и фирмата која се споменуваше како потенцијален оператор на тендерот. Во текстот беа споменати шпекулации дека преку фирмата на Александар Јовановски – Жути, всушност стои интересот на Николов.
-Немам врска со тендерот, ниту со компанијата на Јовановски, кој, всушност работи со својот татко. Точно е дека се знаеме, но немаме никаква бизнис поврзаност, изјави Николов.
Претходно и Александар Јовановски – Жути негираше дека неговата компанија, која е основана во април годинава, е директен понудувач на тендерот, туку само подизведувач на германската компанија „АБОТ“ , која беше единствениот понудувач на тендерот вреден 35 милиони евра, што го распиша Министерството за здравство.
Објавено на: 07/26/18 2:07 PM