Украле цел багер од загрепска фирма, по неколку дена најден како копа дури на островот Брач – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/21 5:18 PM

Украле цел багер од загрепска фирма, по неколку дена најден како копа дури на островот Брач

Јосип Николиќ, соптвеник на градежна фирма од Загреб, останал без багер стар една година и вреден околу сто илјади евра. Багерот пред една седмица бил на градилиште на Чулинечки Пат, каде што фирмата на Николиќ работи на патот. Но, во ноќта меѓу саботата и неделата „мистериозно“ исчезнал. Арамии го „собрале“ и го натовариле на камион „ман“ со сплитски регистарски таблички, пишува „Слободна Далмација“.

Тие од багерот го отстраниле ГПС-составот, но не размислиле за можноста да бидат снимени од надзорните камери. Освен ГПС, багерот имал и дополнителни уреди, со што било олеснето багерот да се пронајде.

Градежната машина во четвртокот била пронајдена дури на островот Брач. Таму багерот копал на градилиште на друга фирма.