(ВИДЕО) За кого игра Гранит Џака? Швајцарецот му додаде на противничкиот играч и се посрамоти – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/21 2:48 PM

(ВИДЕО) За кого игра Гранит Џака? Швајцарецот му додаде на противничкиот играч и се посрамоти

Од стартот на сезоната 2016/2017, Гранит Џака има направено повеќе грешки кои довеле до примен гол (8) од сите играчи во Премиер Лигата.

Овој податок е индикативен и го тера просечниот гледач да го постави прашањето „за кого игра Гранит Џака“? Во првиот меч од 27-мото коло на „Трф Мур“, Барнли го пречека Арсенал во надеж дека ќе ја продолжи солидната серија на непоразеност во последниот месец.

„Топџиите“ одлично го отворија мечот преку Обамејанг кој во петтата минута по пробивот од левата страна го совлада несигурниот Ник Поуп. Арсенал имаше посед и иницијативност и навидум обичното справување со лесниот пресинг на навалната линија на Барнли се претвори во катастрофа за момците на Артета. Швајцарскиот репрезентативец и некогашен капитен на екипата од северен Лондон, од ништо непредизвикан му ја додаде посилно одошто треба топката на противничкиот напаѓач Крис Вуд, а таа заврши во мрежата на Лено.

 

Фудбалери од Премиер Лигата кои играат на највисоко можно ниво, не смеат да си дозволат грешки од ваков тип. Но, доколку истите се повторуваат и тоа од играчот со такво педигре, тогаш проблемот е подлабок и поголем за лондончани отколку што се мисли.

 

 

 

 

Фото:

edition.cnn.com