(ВИДЕО) Георгиевски: Повеќе Македонци 43-тата година биле четници кај Дража отколку партизани – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/21 2:59 PM

(ВИДЕО) Георгиевски: Повеќе Македонци 43-тата година биле четници кај Дража отколку партизани

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски вели дека прашањето на антибугаризмот е најстар популизам и најадобра и најслатка тема за политичарите, писателите и јавноста во изминтите години независност, плукаат газат по Бугарите и сега сите се чудат што ни се случи ветото. Тој уште од првата објава за Вмро Дпмне добил печат на бугарофил и не може некои стари вмровци што се прават да не го знаат тоа дека секогаш се залагал за промена на односот кон Бугарија.
„Некои работи што ги премолчуваме од нашата историја наместо да ги искористиме во наша полза им правиме услуга на Бугарите. Еве настанот на Каалето луѓето биле Македонски националисти, сакале на Солун да одат а не на Срем, а ние молчејки дозволуваме Бугарија да ги присвојува како Бугари.Во Македонија како да има една чипирана структура, една длабока држава штом ќе кажеш Б веднаш почнуваат да врескаат , викаат и не знаат што зборуваат“, вели Георгиевски.
За жал   не зборуваме ништо за српска окупација, туку само за периодот меѓу двете војни, исто така славејќи го нашиот антифашизам премолчуваме факт дека 43-тата година во Македонија имало повеќе Македнци четници во единиците на Дража Михајловиќ, отколку во партизани што биле, вели Георгиевски додавајжи дека веќе е дегутантно да одговара на прашањето како се чувствува и дека и во бугарските медиуми јасно кажал дека на пописот ќе се изјасни никако поинаку освен како што е, Македонец.