Поранешниот кошаркар на Сан Антонио Спарс и Торонто Репторс, за кого останува жал поради пропуштената шанса да направи одлична НБА кариера, по враќањето во Европа е дефинитивно еден од најдобрите играчи години наназад.
Двократниот освојувач на Евролигата со ЦСКА Москва, се обидува со турски Фенербахче повторно да ја врати славата во Истанбул по титулата на жолто-црните после цели четири години, од искачувањето на врвот на кошаркарска Европа во 2017-та година со легендарниот Жељко Обрадовиќ.
Во тешко издвојуваната победа против француски АСВЕЛ од 86:90, победа која го остава Фенер во топ осум, францускиот репрезентативец забележа 24 поени, четири скокови и шест асистенции и на индекс листата за корисност го зазеде местото број еден.
Селекторот на српската кошаркарска репрезентација и предводник на Фенербахче, Игор Кокошков, непосредно по завршувањето на дуелот зборуваше исклучиво во суперлативи за неговиот играч, споредувајќи го неверојатниот плејмејкер на Њу Џерси Нетс, кој веќе подолго време плива во тренерски води, Џејсон Кид.
Igor Kokoskov: “Nando De Colo is the Jason Kidd of European basketball”pic.twitter.com/rc3vcGNb8L
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) March 5, 2021
-Нандо Де Коло е кошаркарот за кого со години се зборува за тоа дали е плејмејкер, бек, бек-шутер и неговата позиција. Тој е кошаркар, кошаркар со неверојатна интелигенција, лидерство. Тој е Џејсон Кид за европската кошарка. Точно, тој игра повеќе со топката, како плејмејкер, но не е себичен. Ја чувствува играта, на теренот е и тренер, тивок лидер. Уживам во соработката со него, изјави поранешниот тренер на Феникс Санс.