Последните скандали со тендери и проекти, тешките лидерски средби или налутената јавност од постапките на неговите министри? Што е тоа што вака го замори премиерот Зоран Заев? На отворањето на спомен собата на Киро Глигоров во Штип, Заев беше видно уморен, па во една прилика се навали на столчето, со уморен израз на лицето ја следеше програмата на свеченоста.
Иако неговото присуство го следеше силен аплауз во салата, споредено со пречекот на некогашниот премиер Никола Груевски, изестанаа вобичаените туркања околу него.