Криминалец од Скопје се криел во Ратае – бил осуден на седум ипол години затвор – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/21 8:55 PM

Криминалец од Скопје се криел во Ратае – бил осуден на седум ипол години затвор

Полицајците од СВР Тетово попладнево во тетовско Ратае нашле и привеле жител на скопско Коњаре кој се барал за издржување на затворска казна. Осуденикот бил најден околу 17 часот.

Полициски службеници на Секторот за меѓународна полициска соработка – Оддел за потраги на МВР, во содејство со СВР Тетово, го привеле 41-годишниот С.М. од скопско Коњаре, осуден  на седум и полгодишна затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба”, согласно член 236 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По приведувањето, реализирано со судска наредба 41 годишникот е спроведен во КПУ „Идризово” во Скопје за издржување на казната.