После една година од земјотресот, Дино Мерлин се врати во својот дом – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/21 8:21 PM

После една година од земјотресот, Дино Мерлин се врати во својот дом

Кантавторот Дино Мерлин открил дека му требело цела година да го реновира својот стан во Загреб, кој бил потполно оштетен после земјотресот кој на крајот од март минатата година го погоди главниот град на Хрватска.

Тој во гостување во емисијата „Во свој филм“ раскажал како после една година конечно спиел во својот стан во Загреб.

-Синоќа после долго време спиев во својот стан, бидејќи и јас на некој начин ги разбирам тешкотиите кои ги снајдоа луѓето во Загреб поради земјотресот. Имам стан во Долен град, станот ми настрада и требаше цела година да се реновира. Но тоа е ништо во споредба со она што ги снјде некои луѓе. Но, конечно убава вест е што после толку време повторно спиев во својот стан и убаво се чувствувам, признал Мерлин.

Мерлин исто така открил дека поради пандемијата сите настапи се презакажани за следната, 2022 година.

-Тоа е време кога може да размислуваме за турнеи. Се надевам дека ќе се врати старото време, кога ќе виде можно да полниме арени и стадиони, рекол и додал дека најверојатно ќе почне да настапува дури на есен 2022 година.

Извор: Нова.рс