Судската полиција добива повисока плата – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/21 7:30 PM

Судската полиција добива повисока плата

Судската полиција треба да добие  повиски плати. Министерот за правда Бојан Маричиќ, денеска пред претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција.

Во зависност од тоа во кој суд работат, зголемувањето ќе биде од 8 до18 отсто, а најголемо ќе биде во двата скопски суда, Кривичниот и Граѓанскиот.

Овие службеници со години бараа зголемување на платите, а преговорите траеја повеќе месеци.

Основна задача на судската полиција е да го заштитува судскиот објект и имотот на судот, животот на сите присутни во судот и да го одржува редот во судската зграда.

За претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полицијана ова е значаен чекор  и почеток во решевањето и другите  нивни проблеми.