Вкупно 1.600 килограми крап денеска запливаа во водите на Вардар и Црна Река како и во велешкото езеро Младост. Порибувањето го реализира здружението на спортски риболовци „Бабуна“ секоја година во овој период.
– Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ во рамките на своите обврски кои ги има како концесионер кон ревирот со кои располага вообичаено во овој период на годината порибува со 500 килограми риба, од кои 200 во Вардар и 300 во Млаост. Таа риба е во големина до 800 грама според договорот за консенција. Во меѓувреме здружението на спортски риболовци „Бабуна“ направи напори и обезбеди дополнителни средства и освен рибата од 500 килограми денес ќе порибува уште 1.100 килограми риба од сопствени средства. Вкупно на денешниот ден на Црна, во Вардар и во велешкото езеро „Младост“ се порибува со риба од вкупна тежина од 1.600 килограми – рече Лазе Лазаревски, член на здружение на спортски риболовци „Бабуна“.
Во ова здружение членуваат 1.000 риболовци од Велес и од државата, и тие заедно со рибочуварската служба се обидуваат да овозможат услови за рибарење, но и за справување со рибокрадците.
-Се трудиме рибокрадците што помалку да ги има на ревирот . Рибочуварската служба се справува со нив. Минатата година беа откриени вкупно 103 мрежи, кои беа уништени додека за сторителите беа процесуирани пријави , додаде Лазаревски.
„Бабуна“ со дополнителна количина на пастрмка ќе ги пориби водите во велешкиот ривир.
Стефани Манева