Свети Николе на ковид предизвиците одговори модерна велосипедска и пешачка патека за рекерација (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/21 5:09 PM

Свети Николе на ковид предизвиците одговори модерна велосипедска и пешачка патека за рекерација (видео)

И официјално во четвртокот премиерот Зоран Заев ја промовира новата пешачко велосипедска патека што води од Свети Николе до селото Кнежје до локалитетот Била Зора. Заедно со градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски, владина делегација беше на увид на новата пешачка и велосипедска патека во Свети Николе, која веќе е готова и подготвена за користење.

Според премиерот Заев, се работи за модерна и урбана зона, која е хортикултурно уредена со зеленило и место каде граѓаните ќе можат да се релаксираат.

Целата вест можете да ја прочитате на Моја Општина.

Фото: Влада