Бугарските органи позитивно одговорија на барањето за екстрадиција на Игор Спасов, поранешниот припадник на специјалните полициски единици кој беше осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски.
По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26 февруари Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата и се очекува уште попладнево тој да биде пренесен во затворот Идризово.
Игор Спасов избега есента во 2019 година откако му беше одобрено болничко лекување. Беше уапсен на почетокот на февруари по претходна пријава против него за насилство.
Барањето за екстрадиција на 10 февруари го потпиша Министерот за правда Бојан Маричиќ.