Триесет и четиригодишен маж од Ресен се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила на регионалниот пат Ресен – село Долно дупени. Случајот во полиција бил пријавен околу 2 часот и 40 минути по полноќ, а според пријавата до незгодата дошло кога возилото „ауди“, кое било управувано од сега повредениот, излетало од патот. МВР соопшти дека во сообраќајната незгода со телесни повреди се здобиле и тројцата сопатници на возраст од 22 до 29 години.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен и се работи на целосно расчистување на случајот.