Австрискиот канцелар, Себастијан Курц изјави дека Австрија е во разговори со Русија и со Кина за вакцините против коронавирусот, бидејќи смета дека не се работи за геополитички прашања, туку за тоа како да се спасат повеќе животи и да се овозможи што побрзо враќање кон нормалното. Меѓутоа, Курц потсети дека вакцините од Кина и Русија се уште немаат одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА).
„ЕУ ја презеде задачата за набавка на вакцини, но имаме разговори и со други производители, како и со Русија и со Кина. Уверени сме дека се’ што помага е добро и дека не се работи за геополитичко прашање“, посочи тој.
Курц потсети дека според некои експерти, на Австрија во текот на следните години ќе и’ бидат потребни 30 милиони вакцини, поради што како што наведе, важно е да соработуваат што повеќе партнери. Курц наведе дека ЕУ не ја нарачала Спутник Ви вакцината и дека засега нема одобрување, но кога тоа ќе биде добиено, можно е земјите сами да нарачаат дози од неа. Кога се работи за зелените пасочи кои би содржеле повеќе податоци за вакцините, Курс нагласи дека за Австрија, како туристичка дестинација и земја која е извозно ориентирана, важно е патувањата да се овозможат што побргу.
Денешната конференција за медиумите на која се обрати Трамп, беше псоветена на зголемување на производството на австриската компанија Polymun Scientific која произведува состојка, важна за вакцината на ФајзерБионтек.
Според Курц, компанијата успеала да го зголеми производството и до летото ќе испораќа 20 милиони дози од вакцината, наместо 15 милиони.
Тоа е голем придонес за европскиот континент, а од тоа профитираме и ние бидејќи ќе добиеме повеќе дози вакцини – додаде тој.
Извор: Kurir.rs/Tanjug