За неправедно лежење во затвор САД на Афроамериканец ќе му исплатат отштета од 500 илјади долари – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/21 12:00 PM

За неправедно лежење во затвор САД на Афроамериканец ќе му исплатат отштета од 500 илјади долари

Врховниот суд во Соединетите Американски Држави (САД) донесе пресуда сојузната држава Мисисипи да му плати 500.000 долари отштета на Афроамериканецот Куртис Флауерс кој неправедно лежел во затвор повеќе од 22 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Флауерс беше ослободен откако Врховниот суд на САД во 2019 година пресуди дека поранешниот јавен обвинител Даг Еванс, кој го водеше предметот, неуставно ги исклучил поротниците Афроамериканци од рочиштата на судењата.

Во однос на тужбата за отштета поднесена во ноември 2020 година од Флауерс, со образложение дека е незаконски осуден на казна затвор, Судот оцени дека државата Мисисипи е виновна и донесе одлука таа да му плати отштета од 500.000 долари.

Судот исто така одлучи државата да исплати 50.000 долари на адвокатите на Флауерс како дел од нивните хонорари.

Флауерс е обвинет за убиство на четири лица во продавница за мебел во градот Винона во 1996 година и беше осуден на смрт.

Според државните закони, максимум 500.000 долари отштета може да се исплати за затворски казни за кои е утврдено дека се досудени неправедно.