Болниците се помалку полни, ама лудниците ќе бидат преполни, предупредува Оливер Млакар – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/21 10:37 AM

Болниците се помалку полни, ама лудниците ќе бидат преполни, предупредува Оливер Млакар

Легендарниот телевизиски водител Оливер Млакар (85) во пензија е речиси две децении, но се уште води активен живот.

За безгрижно да ужива го спречува, како што вели пандемијата со корона вирусот, која веројатно на многумина им ги промени плановите.

Едвај чека да помине па да може да се дружи со пријателите.

– Веднаш би се вакинирал, ама вакцини нема. Не се знае ниту кога ќе ги добиеме. Се јавив кај матичниот лекар и тие ми рекоа дека не знаат ниту кога ќе ја направат вакцината. Гледам дека сега се вакцинираат во Загреб, но и тоа е  малку , секој доктор добива околу 30 дози. Не е ништо. Избегнувам дружење, чекајќи да помине ова. Сè додека не  биде безбедно. Јас не сум оптимист. Ако фатам корона ништо не би ме спасило. Сега болниците се малку помалку исполнети, но на крајот лудниците  ќе бидат преполни. Оваа пандемија сигурно ќе остави трага – рече тој за хрватските медиуми.

Тој истакна дека не важи за него „немам време затоа што сум пензиониран“ туку дека има време, само што не му се допаѓа моменталната состојба. Тој едвај чека да помине денот и кога ќе дојде следниот, тој е всушност ист како и претходниот.

Својата кариера полека ја градеше и стигна до статусот на најголема ТВ ѕвезда. Најпознат го направаи квискотека Лаза Голуже, што и денес му е најдрг проект.

Извор и фото: 24sata.hr