Пејачките заработуваат брдо пари од Инстаграм: Што рекламираат и колку наплаќаат за една објава? – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 10:35 PM

Пејачките заработуваат брдо пари од Инстаграм: Што рекламираат и колку наплаќаат за една објава?

Естрадните уметници поради пандемијата од коронавирусот и неможноста да настапуваат, се преориентирале на блогови и почнале да наплаќаат рекламирање на своите профили на Инстаграм.

Меѓу оние кои најмногу наплаќаат реклама на својот профил се секако Цеца Ражнатовиќ, нејзината ќерка Анастасија, Наташа Беквалац, Маја Беровиќ и Теодора Џехверовиќ.

-Тие имаат јасно дефинирани ценовници кои нивните соработници ги нудат на заинтересираните коминтенти. Објавите на профил чинат околу 2.500 евра, додека за „стори“ бараат 1.500 евра, бидејќи на профилот стои само 24 часа, но многумина се одлучуваат за тој начин, бидејќи има голем ефект. Наташа Беквалац која има околу 800.000 следбеници зема и по 3.500 евра за објава на ѕид, а за стори бара 2.000 евра. Сите пејачки имаат и попусти доколку со некоја фирма или профил направат долгорочна соработка. Така да најисплатливо е да платите пакет за три месеци, открил за Информер еден од соработниците на овие пејачки.

Но, тие не земаат секогаш пари за своите објави.

-Кога промовираат некоја гардероба, тогаш речиси секогаш е во прашање компензација. Сека Алексиќ важи за личност која најчесто прифаќа ваква соработка. Таа сака да и поддржи малите брендови па често ги рекламира, а тие и испраќаат подароци. Нејзиниот профил буквално изгледа како продавница. Што би рекол народот, промовира се, од игла до локомотива, рекол соговорникот.

-Кога е во прашање Цеца, се шпекулира дека таа зема и по 6.000 евра за реклама и навистина води сметка што објавува на својот профил на Инстаграм. Пејачката е многу пребирлива и рекламира во главно убави работи, како на пример, кафе, козметика и слично.

За разлика од нив Лепа Брена и Драгана Мирковиќ не користат социјални мрежи за рекламирање на фирми или тоа го прават многу ретко.

Извор: Република.рс

Фото:Инстаграм