Нов силен земјотрес со јачина од осум степени по Рихтерровата скала го потресе Нов Зеланд, јавуваат светските медиуми.
Епицентарот е забележан под Кермедек островите, а истото подрачје неколку часа порано го погоди земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер.
Според информациите на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, послабиот земјотрес е регистриран со длабочина од 10 километри.
Како што јавува „Russia Today“ после потресот од осум степени по Рихтер издадено е предупредување од цунами на подрачјето на Самоа и Хаваи.
Овој силен потрес следеше само неколку часа после земјотресот со јачина од 7,2 степени по Рихтер кој го погоди Нов Зеланд.