Време: Утре до +20, за викендот постудено и со повремен локален дожд – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 8:31 PM

Време: Утре до +20, за викендот постудено и со повремен локален дожд

Утре, според прогнозата на УХМР, претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринските температури од -4 до +2, а дневните од 9 до 20 степени.

В сабота поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км/час. Ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови, претежно во западните и северните делови. Дневните температури значително ќе опаднат. Слаби локални врнежи се можни и в недела.