Кривични пријави за директори и главна сестра во битолската болница – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 6:46 PM

Кривични пријави за директори и главна сестра во битолската болница

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинтелство Битола, поднесе кривични  пријави против З.Л.(67) од Битола, поранешен в.д. медицински директор на ЈЗУ Клиничка болница Битола, заради постоење на основи на сомнение дека пријавениот сторил две кривични дела по член 353 од КЗ на РСМ “Злоупотреба на службената положба и овластување“  и против лицето Ј.Ј.(63) од Битола.  управител на правно лице од Битола и пторив правно лице од Битола заради постоење на основи на сомнение дека второ и трето пријавените превзеле дејствија опишани кривичното дело “Фалсификување исправа“ по член 378 став 1 и став 4 од КЗ на РСМ, соопшти МВР.

Првопријавениот во својство на службено лице на 15.08.2018 година, потпишал Спогодба за деловна техничка соработка со ФК Пелистер АД  Битола за давање на повратни парични средства, без претходна одлука на Управен орган, по што на сметката на ФК Пелистер биле префрлени средства во износ од 600.000 денари, оштетувајќи ја Клиничка болница Битола за наведениот износ.
Првопријавениот, исто така на 07.04.2020 годинаодобрил исплата на парични средства кон правно лице спротивно на договорите за јавни набавки  во вкупен износ од 292.816 денари, со што ја надминал вкупната вредност на набавката спротивно на Договорот.

Второпријавениот како одговорно лице во правно лице, изготвил лажни фактури, со цел лажно прикажување на состојба дека извршил угостителски услуги,ставил свој потпис и печат од правното лице чиј управител е и покрај фактот што знаел дека угостителските услуги се извршени од неколку  други субјекти во Битола.

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе две кривични  пријави, една  против Н.И.(50) од Битола, раководител-директор за економско финансиско работење во ЈЗУ Клиничка болница Битола, поради основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 353 од КЗ на РСМ “Злоупотреба на службената положба и овластување“ . Пријавената во својство на службено лице по барање на тогашниот директор на Клиничка болница Битола, З.Л.(67) на  22.01.2020 година изготвила налог и извршила исплата  на надомест за неискористен одмор во висина од 162.762 денари, без содветна одлука на Управен одбор.
Исто така, поднесена е кривична пријава против Р.Б.(52)  од Битола, вработена како главна медицинска сестра во ЈЗУ Клиничка болница Битола и Н.И.(50) од Битола, Раководител – Директор за економско финансиско работење во ЈЗУ Клиничка болница Битола, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело казниво по член 353 од КЗ на РСМ “Злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавените, во периодот од 2018-2020 година, без одлуки на Управен одбор, реализирале повеќе службени патувања во странство, за што од сметката на ЈЗУ Клиничка болница Битола за сместување, превоз и дневници  биле исплатени 654.388 денари, соопштуваат од МВР.