Министерството за одбрана на Турција информираше дека се урнал воен хеликоптер кој полетал од местото Бинѓол. Како што се наведува во соопштението, деветмна војници ги положија животите како шехиди во хеликоптерска несреќа, а четворица членови на персоналот се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Врската со хеликоптерот од типот Кугар (Cougar) на командата на копнените сили на Турција, кој во 13:55 часот по локално време полета од местото Бинѓол и летал кон Татван, прекината е по 14:25 часот“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Турција.
Од Министерството информираат дека веднаш се започнати спасувачки операции во регионот.
„Беспилотно летало, авион од типот CN-235 и еден хеликоптер веднаш ги започнаа спасувачките опреации во подрачјето. Како резултат на спасувачките операции, откриено е дека е доживеана хеликоптерска несреќа. Девет војници ги положија животите како шехиди во хеликоптерска несреќа, а четири членови на персоналот се повредени. Се работи на префрлување на повредените членови на персоналот во болница”, стои во соопштението, во кое се додава:
„Во овој настан кој во нас предизвика длабока тага и болка, од Господ бараме милост за нашите колеги кои како шехиди ги положија своите животи во хеликоптерската несреќа, а на нивните семејства и најблиски, на Турските вооружени сили и до нашата нација изразуваме сочуство и трпение, а на ранетите членови на персоналот на хеликоптерот брзо закрепнување.“