(ВИДЕО) Неверојатна средба помеѓу БМВ и стадо елени – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 6:12 PM

(ВИДЕО) Неверојатна средба помеѓу БМВ и стадо елени

Налетување на диви животни за време на возење на патиштата далеку од градовите не е реткост и е доста чувствителна ситуација, а може да биде и опасна.

Камера од еден автомобил во Полска снимила ненадејна „блиска средба“ на еден возач на МБВ од серија 5 и стадо елени кои изненадно со голема брзина се обиделе да го преминат патот. Возачот нагло закочил за да избегне судар со првите од нив, кои излетале од шумата кон патот, но позади стигнало цело стадо.

Трчале набрзина, а некои и скокале за да го избегнат автомобилот. Еден имал најмалку среќа и налетал на гепекот и задното стакло. Преплашен, скокнал од автомобилот и се вратил назад во шумата.

Извор: Нова.рс