Повеќе од 50 луѓе убиени на демонстрациите против пучот во Мјнанмар – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 2:59 PM

Повеќе од 50 луѓе убиени на демонстрациите против пучот во Мјнанмар

Кристин Шанер Бургенер, специјалната претставничка на Обединетите нации за Мјанмар, потврди дека само во изминатите 24 часа 38 луѓе се убиени на демонстрациите против пучот во таа земја, додека вкупно смртно досега настрадале повеќе од 50.

Бургенер на прес-конференцијата за новинари порача дека последниот е најкривав ден од пучот во Мјанмар.

Исто така, потврди исто така дека во текот на демонстрациите досега се уапсени најмалку 1.200 лица и ја повика меѓународната заедница да се обедини и да се спротивстави на пучот во Мјанмар.

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане в петок за да се разговара за пучот во Мјанмар и настаните по пучот.

Мјанмарската војска на 1 февруаи оваа година изведе удар и ја презеде власта во таа земја под изговор дека ноемвриските избори биле нерегуларни.

Војската прогласи едногодишна вонредна состојба и ги уапси челниците на владата, вклучувајќи ја и мјанмарската лидерка Аунг Сан су Кји. Масовните антипучистички протести почнаа на 6 февруари.