Tетово конечно по десет дена ги доби потребните количини на вода – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 1:28 PM

Tетово конечно по десет дена ги доби потребните количини на вода

Тетово конечно по десет дена ги доби потребните количини на вода. Моментално градот се снабдува со 300 литри вода во секунда 200 од стариот и 100 литри од новиот водоводен систем.

ОД ЈКП Тетово велат дека поминал долг период додека се санирал дефектот оти истиот бил на лизгав терен каде има ерозивни процеси. Но за среќа како што вели со макотрпна работа на нивни екипи, цевководот во должина од 60 метри кој се оштети е заменет со нов.

Од Еко-Герила истакнаа дека лизгањето не земјиштето е резултат на хидроцентралите кои се градат на Лешница.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи изјави дека на дефектот се работело макотрпно и чесно, а злите усти едвај чекаат нешто да се случи за да фрлаат со дрва и камења

 

 

 

 

Зоран Димовски