Ливерпул и Лајпциг реваншот од 1/8 финалето во ЛШ ќе го играат во Будимпешта – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 12:31 PM

Ливерпул и Лајпциг реваншот од 1/8 финалето во ЛШ ќе го играат во Будимпешта

Реванш дуелот помеѓу англискиот првак и ланскиот полуфиналист во Лигата на Шампионите сепак нема да се одигра на „Енфилд Роуд“. Пандемијата на коронавирусот ја „поремети“ и оваа кампањата во најдоброто клупско светско натпреварување. Дел од екипите во првите мечеви беа само номинално домаќини, а ваквите околности особено се одразија врз клубовите кои мораа да се соочат со клубовите од Англија.

Арсенал во 1/16 финалето од Европа Лига ја угости Бенфика во Атина, Манчестер Јунајтед со Реал Сосиедад играше на „гости“ во Торино, додека пак Челзи во првиот двобој против Атлетико Мадрид играше на „Националната Арена“ во Букурешт, наместо на „Ванда Метрополитано“.

Во Будимпешта сега ќе мора и Ливерпул да се сретне со Лајпциг. Правилата остануваат непроменети, голот во гости ќе се смета исто како и досега, а екипата од црвениот дел на Мерсисајд ќе пристигне во романската престолнина со два гола предност од Германија.

 

 

 

 

Фото:

liverpooloffside.sbnation.com