Маж на социјалните мрежи призна дека ја шпионирал својата сопруга преку камерата за дадилки и дека останал изненаден од тоа што го видел.
Таткото на близнаците рекол дека случајно ја погледнал апликацијата преку која ја гледа камрата од дома и видео се загрижил од тоа што го видел со свои очи.
На „лајфстрим“ ги гледал синовите како се тепаат, додека неговата сопруга седела со таблетот, а тоа што најмногу го вознемирило било фактот што неговата сопруга на ушите ставила слушалки против вревеа за да не слуша што се случува со децата.
– Бев загрижен и одлучив да раговарам со неа кога ќе се вратам дома, а потоа попладнето повторно ги погледнав камерите и повторно останав без текст. Нашите деца јадеа смрзнати стапчиња од сирење од фрижидерот додека таа зборуваше со некого преку видео повик и повторно со слушалки на ушите. Тоа беше толку бизарно и неочекувано и решив да ги видам и постарите снимки. И на нив видов дека таа постојано носи слушалки на ушите, практично таа ги одбегнува нашите деца, раскажал таткото.
Кога дошо дома, сакал да поразговара со соругата за нејзиното однесување, а кога и спомнал што видел на снимките таа збеснала.
– Беше лута што сум ги гледал снимките и ми рече дека не треба тоа да го правам. Не ни сакаше да разговараме како двајца возрасни луѓе, раскажал човекот на социјалнте мрежи
Извор и фото: Информер.рс