Во јануарските поплави реката однесе дел од куќата на Милан Станковиќ од Тегожница кај Власотинце, Србија.
Станковиќ има 59 години, здравјето му е влошено и живее сам, во тешки услови. Пријателите на Тегожница ги повикуваат сите луѓе со добра волја да помогнат за да има услови за живот.
Тој живее без струја, со малку храна, во собата со еден поплавен кревет со печка на дрва која ја користи кога мора, вака преживува Милан Станковиќ од Тегожница.
Има речиси 60 години и не е оженет, здравјето му е нарушено, а неодамна му починале и мајката и братот.
Милан Санковиќ вели дека не знае како се сноаѓа сам, и дека се му е потребно дури и кревет.
На Милан му помагаат соседите. Му обезбедуваат вода, му носат храна, се грижат за него колку можат.
За да има Милан услови за достоен живот му помагаат хуманите луѓе. По полавите кои се случиле неодамна има опасност да му се сруши куќата.
– Правиме акција да му помогнеме, ако некој има што да понуди да му даде, струја нема, нема инвентар,нема ништо, нема човекот од што да живее, нема ни храна, ние понекогаш го викаме на вечера или на ручек, вели Властимир Миладеновиќ од Тогожица.
Соседите велат дека Милан е добар човек, и сака да живее во овој дел од селото.
– Тука е навикнат со нас, излегува во пресрет, еве излеговме и ние во пресрет му донесовме вода, рекол соседот.
И покрај сите маки Милан не сака да го напушти родното село, се надевам дека сепак ќе дојдат подобри денови.
Извор и фото: Ало.рс