„Рускиот Давос“ ќе се одржи од 2 до 5 јуни – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/21 9:07 AM

„Рускиот Давос“ ќе се одржи од 2 до 5 јуни

Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург (SPIEF), опишан како „Руски Давос“ и сметан за најважен меѓународен настан во земјата, ќе се одржи од 2 до 5 јуни оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата за медиумите, Антон Кобјаков, советникот на рускиот претседател Владимир Путин и извршен секретар на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург (SPIEF), се осврна на настанот што беше откажан минатата година поради појавата на епидемијата од новиот вид коронавирус (Ковид-19).

Осврнувајќи се на изјавите на експертите, Кобјаков рече дека Русија и светот се наоѓаат на пресвртна точка во епидемијата.

„Кога ги разгледуваме процесите на вакцинација и имунитетот на стадо, сметаме дека е можно оваа година да се организира Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург (SPIEF) од 2 до 5 јуни“, нагласи Кобјаков.

Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург (SPIEF) се организира од руската организациска компанија „Росконгрес“. На Меѓународниот економски форум што се одржува од 1997 година учествува и рускиот претседател Владимир Путин.

На Форумот што се одржа во 2019 година учествуваа 19.000 луѓе од 145 земји. Во рамките на организацијата потпишани се разни договори во вредност од 3 трилиони рубли.