Сите се тука само децата ми ги нема – една година Тања Савиќ живее без синовите – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/21 10:58 PM

Сите се тука само децата ми ги нема – една година Тања Савиќ живее без синовите

Пејачката Тања Савиќ споделила фотографија на Инстаграм на која е со своето семејство.

Со оглед на тоа што Тања поради борбата за старателство поминува низ навистина тежок период, јасно е дека тие и се најголема поддршка.

Пејачката од април минатата година не ги видела синовите Максим и Ѓорѓе, кои нејзиниот уште законски сопруг Душан Јованчевиќ ги однел во Австралија, наводно без нејзина дозвола. Таа во декември минатата година одлучила да го тужи, а сега чека судење.

Тања порано потврдила дека е возбудена поради 19. Февруари кога беше закажано првото рочиште.

-Ако веќе толку долго чекав, ке чекам уште толку, така што тоа ми дава уште една надеж и некоја нова димензија на среќа дека соништата ќе ми се остварат и правдата ќе победи, бидејќи живеам за правда. Правдољубива сум и не сакам никој, како и себе си, да патам. Овие работи кои ми се направени, јас на никој не би ги направила.Сметам дека секоја мајка треба да биде покрај своите деца. Таму му е местото на децата. Неможам да кажам дека местото не е и покрај таткото, секако дека е, но никој нема право децата да ги одвојува од мајката, била искрена тогаш Савиќ.

Извор: Курир.рс