Србинки унаказени во салон за убавина: Како жртви од пожар сме – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/21 10:44 PM

Србинки унаказени во салон за убавина: Како жртви од пожар сме

Застрашувачки фотографии на унаказени жени во Србија кружат на социјалните мрежи. Сите после таканаречениот бразилски естетски зафат добиле страшни красти, изгореници и флеки кои не поминуваат. Една од нив за Нова.рс раскажа дека доживеале таков пекол, така што правдата сега ќе ја бараат на суд.

„Кога не видоа лекарите, ни кажаа дека изгорениците се како од пожар“, ја започнала приказната Белграѓанката која имала голема несреќа со ласерско намалување на носот. Таа со уште четири жени кои поминале низ истото направиле Инстаграм профил на која објавуваат фотографии од изгорената кожа со красти, како предупредување за сите.

„Сите ние за Олгица Маркановиќ дознавме преку Инстаграм каде што таа објавува видеа од третманите, но и преку една популарна пејачка која ја рекламираше на социјалните мрежи. Исто така видовме дека Олгица пред две години е прогласена за претприемач на годината. Видовме и шминка на жени кои раскажале дека се задоволни после нејзиниот третман, но ни една од нас тогаш не обрати внимание дека снимките се замаглени и користени се филтери“, се сеќава оваа несреќна жена како се започнало изминатата есен.

Наместо да прави намалување на носот како што објаснуваа на Инстаграм, Олгица како што рекла соговорничката, правела третман со плазма.

„Проблемот е во тоа што според законот во Србија овој зафат може да го прават само лекар или медицинско лице, и тоа во специјализирана ординација. Ние подоцна дознавме дека таа воопшто не е лекар, како што се претставувала. Проблемот е и што таа обучувала и други да работат на тоа“.

„Не се вадат четири слоја кожа како што правеше таа на сите нас. Јас отидов на ласерско намалување на носот и платив за третманот 1.700 евра. Цената на третманот кај неа се движи од 1.000 до 2.000 евра. А добив изгорено лице, лузни кои ќе ми останат“.

„После  откако паднаа крастите, видов дека има лузни. Таа ми кажа да дојдам на корекција. И после корекцијата, лузните беа уште поголеми. Потоа се обратив на адвокат и судски вештак. И тој и дерматолог рекоа за мене и за другите жени дека сме како да сме поминале низ пожар. Таа трајно ни го уништи лицето, толку многу што ќе бидеме склони на канцер бидејќи нашата кожа на тој дел веќе нема заштитен слој. Тие лузни ќе бидат видливи до крајот на животот можат да се санираат само 70 %.“

Извор: Нова.рс