Времето утре, според прогнозата на УХМР, ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен во западните делови западен, а во источните југоисточен ветер. Утринските температури од -5 до 3, а дневните од 13 до 20 степени.
Од петок ќе има зголемување на облачноста, а в сабота промена на времето. Поради продор на постудена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на повисоките планини од снег. В сабота ќе дува засилен северен ветер. Дневните температури за време на викендот ќе бидат во опаѓање, а од понеделник ќе има постепен пораст.