ОН испратија 30 камиони со хуманитарна помош во северозападна Сирија – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/21 6:49 PM

ОН испратија 30 камиони со хуманитарна помош во северозападна Сирија

Обединетите нации (ОН) денес испратија 30 камиони со хуманитарна помош преку Турција во северозападна Сирија, регион каде што на милиони лица им е потребна хуманитарна помош поради граѓанската војна, јавува aгенцијата Анадолија (АА).

Камионите поминаа преку граничниот премин „Џилвеѓозу“ во турската јужна област Хатај, за да влезат во сириската област Идлиб.

Надлежните потврдија дека хуманитарната помош ќе им биде поделена на луѓето во Идлиб и во блиските рурални подрачја, каде што веќе со години живеат во многу тешки услови.

Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година.